ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е надлежно за „Шпион“

22.08.2016 14:25

Советот на јавните обвинители во април годинава достави одлука според која надлежно за постапување за предметот „Шпион“ е Основното јавно обвинителство, стои во писменото соопштение.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува по предметот против Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена во случајот „Шпион“.

Советот на јавните обвинители во април годинава достави одлука според која надлежно за постапување за предметот „Шпион“ е Основното јавно обвинителство, стои во писменото соопштение.

Одлуката е доставена до скопскиот Кривичен суд, до Апелација и до Специјалното јавно обвинителство.

Судскиот процес против новинарот Божиновски, кој беше екстрадиран од Србија во април, е закажан за први септември.