Експерсно заврши заложничката драма во Ирак

30.01.2014 15:07

Експресно заврши заложничката драма во Државната транспортна компанија на Ирак. Безбедносните сили веднаш ја затворија областа и успеаја да ги ослободат сите заложници од зградата што се наоѓа веднаш до Министерствата за човекови права и за транспорт во Багдад. Тројца од осумтемина напаѓачи се убиени.

За сега ниедна група не презеде одговорност за нападот, но сомнежите паѓаат на сунитските милитанти поврзани со Ал Каеда, кои веќе изеле слични напади. Претходно, во мнозински шиитско предградие на Багдад, во експлозија на автомобил бомба загинаа најмалку 5 цивили, а 14-мина беа ранети.

„Автомобил бомба ги оштети автомобилите и ги уби кутрите луѓе. Тие што го сторија ова се терористи“, раскажува очевидец.

Вчера во дури три експлозии на автомобили бомби во шиитски квартови на Багдад загинаа најмалку 16 луѓе. Насилствата се во пораст во Ирак во изминатата година, достигнувајќи го врвот на верските бунтови од 2007. Терористичката организација „Исламска држава Ирак и Левант“ ги користи непријателствата меѓу сунитското малцинство, кое порано владееше со земјата и актуелната шиитска влада. Обединетите нации проценуваат дека лани биле убиени над 7.800 цивили и над 1.000 припадници на безбедносните сили. Само во декември лани загинале околу 1.000 луѓе.