Собрани 740 илјади евра парична помош, акцијата продолжува до петок

22.08.2016 14:55

Досега се собрани околу 740 илјади евра во пари, средства и во опрема кои ќе бидат дистрибуирани по утврдувањето на критериумите за распределба.

До петок се продолжува периодот на хуманитарната акција на Црвениот крст за собирање средства и пари за загрозените во поплавите во Скопско.

Досега се собрани околу 740 илјади евра во пари, средства и во опрема кои ќе бидат дистрибуирани по утврдувањето на критериумите за распределба.

Од Црвениот крст известуваат дека постои интерес за помош, со што е решено да не се прекине акцијата.