Нов центар за физикална терапија во „8-ми Септември“
По 12 години, болницата „8-ми Септември“ ќе добие нов, модерен центар за физикална терапија во кој ќе можат да се лекуваат и по 200 пациенти месечно. Бањи, сауни, базени, џакузи. Дел од услугите ќе бидат и комерцијални, во нив ќе може и приватно да се лекуваат пациенти кои не се осигуреници на фондот...

Турска бања, сауна, базени и џакузи, по 12 години болницата „8-ми Септември“ ќе добие нов, модерен центар за физикална терапија. Дел од услугите ќе ги покрива фондот за здравствено осигурување, а дел ќе бидат и комерцијални. Во болницата ќе се лекуваат пациенти кои претрпеле мозочни удари или закрепнуваат по ортопедски интервенции.
Центарот ќе почне со работа за дваесетина дена. За неговото опремување се издвоени 27 милиони денари.
Досега Министерството за здравство во болницата „8-ми Септември“ инвестираше повеќе од 97 милиони денари за подобрување на инфраструктурата и за набавка на нова медицинска опрема.
Анита Димитријевска
