Метео: Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

22.08.2016 15:40

Во среда се очекува слично време, а од четврток постабилно и малку потопло.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно посвежо и ветровито време со повремени врнежи од дожд, локално поројни со грмежи.

Ќе дува засилен ветер од северен правец особено долж Повардарието и во Пелагонија. Во среда се очекува слично време, а од четврток постабилно и малку потопло.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска