Меркел, Оланд и Ренци разговараат за иднината на ЕУ по Брегзит

22.08.2016 16:23

Меркел, Оланд и Ренци на островот Вентотене, симбол на европскиот федерализам разговараат за иднината на ЕУ по Брегзит. Во престрет на вонредниот самит во Братислава германската канцаларка Меркел ги повика на консултации и премиерите на Хрватска, Словенија и на Буграија...

Европските челници Ангела Меркел и Франсоа Оланд и Матео Ренци ќе се обидат да дадат нов потик во Европа којашто се наоѓа во криза на идентитетот на состанокот што се одржува на италијанскиот остров Вентотене- симбол на европскиот федерализам. Италијанските медиуми соопштија дека Меркел, Ренци и Олнд ќе го посетат и гробот на Алтиер Спинелиј, автор на манифестот од Вентонтене со кој беа удрени темелите на федерална Европа. Инаку Спинелиј за време на Втората Светска војна поради јавното противење на владењето на Муслини, италијанскиот фашистички режим го осуди на 16 години затавор, а казната ја одлежал на овој остров. Манифесетот го напишал на хартрија од цигари.

Британскиот референдум за излез од Унијата и неговите последици за иднината на Европа и натаму останува тема број еден меѓу европските политичари којшто на 16-ти септември на вонредниот самит на Унијата во Братислава, ќе се обидат да ги изнајдат механизмите како да се за реформирара Унијата. Инаку герамнската канцалрка неодамна за оваа прашање потсети:

„На Лондон треба да му се даде одредено време за да воспостави равнотежа по Брегзит, но одлуката не може предого да се одлага. Овој процес нема да почне пред Лондон формално да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор“, нагласи Меркел.

Добрите познвачи на британско- брислеските односи по Брегзит, мометалната состојбата ја опишуваат со медицински речник- дека Европа е созрена за електро шокови и реанимација. Брегзит е секако најтежок политички пораз од 1951-та година кога се формираше Европската Заедница.

Брзината и начинот на излез на оваа земја од Унијата можеби нема да биде пресудна за развојот на политичките настани, но најверојатно ќе биде пример на другите земји коишто внимателно го следат овој процес.

 

Мирјана Василева