Коѕиас во четврток во Скопје
23.08.2016 10:02
Европската перспектива на државата- тема на разговор со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Коѕиас во Скопје ќе се сретне со македонски дипломати, а ќе има и свое обраќање...

Грчкиот шеф на дипломатијата Коѕиас во четврток доаѓа во Македонија. Европската перспектива на државата- тема на разговор со министерот за надворешни работи, Никола Попоски.
Коѕиас во Скопје ќе се сретне со македонски дипломати, а ќе има и свое обраќање.
Тој првпат ја посети државава минатата година во јуни.
