Денеска треба да биде познат и петтиот член на ад хок телото за медиуми
Политичкиот договор предвидува дека Советот на Агенцијата за медиуми ќе ги почитува препораките на ад хок телото во врска со балансираноста на известувањето во електронските медиуми во рок од 100 дена до изборите.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да го соопшти и петтиот член на ад хок телото за медиумите. Според политичкиот договор од 20-ти јули, треба да биде Албанец.
Политичкиот договор предвидува дека Советот на Агенцијата за медиуми ќе ги почитува препораките на ад хок телото во врска со балансираноста на известувањето во електронските медиуми во рок од 100 дена до изборите.
Мандатот на членовите истекува со крајот на изборите. Во тек се подготовките на методологијата за следење на медиумите во предизборната трка која треба да биде усвоена на 26-ти месецов.
