Брисел: Ранети три лица во автобус, напаѓачката имала психички проблеми
23.08.2016 11:22
Белгиската престолнина е во состојба на готовност, откако локални екстремисти од Исламска држава извршија напади...

Жена рани со нож три лица во автобус во Брисел, по што полицаец пукал во неа и ја повредил. Според полицијата, напаѓачката имала психички проблеми.
Белгиската престолнина е во состојба на готовност, откако локални екстремисти од Исламска држава извршија напади во Париз во ноември и самоубиствени напади во самиот Брисел во март оваа година.
