Субвенции за вработување на лица од социјално ранливите категории
Субвенцијата од 22 илјади денари ќе може да ја добиваат во период од половина година, по што ќе имаат обврска барем уште толку да ги задржат на работа лицата коишто ги ангажирале.

Во наредните две недели приватните фирми може да аплицираат за субвенции од државата за вработување на лица од социјално ранливите категории. Субвенцијата од 22 илјади денари ќе може да ја добиваат во период од половина година, по што ќе имаат обврска барем уште толку да ги задржат на работа лицата коишто ги ангажирале.
„Мерката предвидува шест месечна субвенција во изност од 22 илјади денари месечно, од кои 17 илјади се надоместок за плата на лицето во социјален ризик кое ќе биде вработено и 5 илјади денари месечно за обука на лицето што ќе биде вработено“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Субвенциите може да ги користат сите компании кои ќе вработат лица во социјален ризик. Средствата кои се определени за оваа мерка се во износ од 16.600.000 денари, а се предвидува вработување на 100 лица во социјален ризик.
