Собрани над 740 илјади евра помош, акцијата продолжува до понеделник

23.08.2016 12:39

По правење на финалниот пресек, во зависност од тоа колку средства ќе има, и секако користејќи ги проценките кои ќе бидат проверени во меѓувреме, ќе се изврши линеарна дистрибуција на средствата ...

Заклучно со вчерашниот ден собрани се над 740 илјади евра помош за настраданите, информираше првиот човек на Црвениот крст, Саит Саити, кој во Сојузот на синдикатите со претседателот Живко Митревски разговараше за досега собраните донации од синдикатите.

„Заклучно со вчерашниот ден на нашата сметка која е наменска за помош на настраданите во поплавените подрачја, се собрани околу 45 милиони денари, се работи за над 740 илајди евра. Акцијата продолжува до понеделник. По правење на финалниот пресек, во зависност од тоа колку средства ќе има, и секако користејќи ги проценките кои ќе бидат проверени во меѓувреме, ќе извршиме линеарна дистрибуција на средствата кои ќе бидат собрани заклучно со 29-ти“, изјави Саити.

Митревски информираше дека помош за настраданите собираат и синдикатите од регионов и Европа.