Експерти од ЕУ, ОН и СБ ги идентификуваат причините и последиците од поплавите

23.08.2016 13:50

Проценката се очекува да биде завршена кон крајот од септември годинава...

Заеднички тим на стручни лица за санација од катастрофи од Европската Унија (ЕУ), Обединетите Нации (ОН) и Светска Банка (СБ) со надлежните македонски институции е распореден на терен со цел идентификување на причините за поплавите и проценка на последиците.

Проценката се очекува да биде завршена кон крајот од септември годинава. Стратегијата за обнова треба да ги идентификува итните приоритети и ќе содржи детална проценка на трошоците, обезбедувајќи рамка за донаторска поддршка.

По полавите, ЕУ веднаш го активираше Механизмот за цивилна заштита на барање на Македонија. Досега е испратена хуманитарна помош од над 2 милиони евра.