Огромен интерес за озаконување на дивоградбите
Поради големиот број барања за легализација на дивоградбите, Владата со нови измени во законот...

Поради големиот број барања за легализација на дивоградбите, Владата со нови измени во законот. Се продолжува рокот за поднесување геодетски елаборати до 31 декември 2015. Геодетските фирми не се во можност да ја завршат работата до половината на оваа година. Поднесени се вкупно 350 илјади барања за легализација, а завршени се 90 илјади.
Ова продолжување на рокот е од интерес на граѓаните и е позитивен одговор на нивните барања за да може да си ги легализираат објектите, да стекнат сопственост врз нив и да ги користат придобивките од таа сопственост, вели Александар Ѓорѓиев портпарол на владата.
Се продолжува и рокот за легализација на дивоизградените тераси и оние што се пренаменети во станбен простор.
Новиот рок за доставување на овие барања за легализација на терасите и на терасите претворени во станбен простор е 30 јуни 2015 година, а значајно е да се потенцира дека овој нов рок важи само доколку истите тие објекти се изградени до денот на влегување во сила на законот за постапување со бесправно изградени објекти, односно пред 3 март 2011 година, изјави министерот за транспорт Миле Јанакиески.
Продолжувањето на рокот за терасите е поради констатацијата дека мал дел од граѓаните доставиле барања за легализација.
Само за едно евро од квадратен метар - ваквиот тип тераси кои граѓаните дополнително ги изградиле или ги претвориле во станбен простор ќе може да се легализираат.
Третата измена во законот се однесува на подземната инфраструктура.Се допрецизира постапката за утврдување на подземните објекти од типот на телекомуникациски, канализацискии водоводни мрежи.
Миле А. Ристески
