Почнаа преговорите за испорачување на Ѓулен

23.08.2016 14:01

Претставниците од Министерството за правда од Соединетите Американски Држави ги проверуваат тврдењата на властите во Анкара за вмешаноста на Ѓулен во обидот за воен удар од 15 јули.

Американската и турската делегација во Анкара ги почнаа преговорите за испорачување на имамот Фетула Ѓулен во Турција.

Претставниците од Министерството за правда од Соединетите Американски Држави ги проверуваат тврдењата на властите во Анкара за вмешаноста на Ѓулен во обидот за воен удар од 15 јули.

Во Турција пристигнува и потпретседателот Бајден. Министерството за правда на Турција предложи првин кај нив да допатува американска делегација, а потоа тие да пратат своја во Соединетите Американски Држави.

Двете земји имаат потпишано договор за екстрадиција според кој е задолжително да се испорача секој кој се обидел да изврши политички атентат.