Наскоро надзорна расправа во Собранието за поплавите од 6-ти август
Датумот на расправата, како што инфомрира претседтелот на Комисијата Панче Орцев од СДСМ, дополнително ќе биде одреден на координации...

Собраниска Комисија за земјоделство едногласно реши да се одржи расправата за „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“ на која ќе се дискутира за последиците од поплавите.
Датумот на расправата, како што инфомрира претседтелот на Комисијата Панче Орцев од СДСМ, дополнително ќе биде одреден на координации.
Тој од името на предлагачот- пратеничката група на СДСМ, појасни дека целта на барањето за надзорна расправа е да се дебатира за пропустите и одговорностите при справувањето со поплавите што го зафатија скопскиот и тетовскиот регион на 6 август годинава.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа одржувањето надзорна расправа за поплавите кои ја погодија Македонија со став дека додека тие преку дебата во Собранието прават сѐ да им се помогне на граѓаните, СДСМ и на пленарната седница и преку расправата, политички ја злоупотребува оваа тема.
Во реакцијата се вели: Наместо пратениците од опозицијата да излезат на терен и вистински да им помогнат на граѓаните, се однесуваат како да ликуваат на настанатата состојба сакајќи сите свои политички неуспеси да ги анулираат со една временска катастрофа која што и се случи на земјава.
