Целосно уреден изложбениот простор во Природонаучниот музеј
Девет децинии работа на Природонаучниот музеј Македонија. Една од институциите со најголем број поставки на Балканот. Заврши целосното уредување на просторот за тематски изложби, ќе се реновира и амфитеатарот...

Со реновиран изложбен простор, гостување на странски научници, симпозиум и изложби Природонаучниот музеј кон крајот на октомври ќе одбележи 90 години постоење. Музејот располага со 300.000 експонати и е еден од најголемите на Балканот, истакна директорот Ивица Заркадов.
Министерството за култура преку повеќе проекти ја поддржува оваа музејска и научно- истражувачка институција, а до крајот на септември ќе биде комплетно обновен и амфитеатарот, информираше министерката Елизабета Канческа- Милевска.
Од Музејот велат дека се задоволни и од зголемениот број на посетители.
Билјана Јанакиеска
