НБРМ: Раст на економијата од 3,7% годинава

30.01.2014 15:43

Досегашните остварувања во реалната економија и најновите расположливи податоци на НБРМ упатуваат на натамошен солиден економски раст...

Советот на Народната банка на Македонија (НБРМ) на денешната седница на оцени дека има забрзување на кредитната активност во четвртиот квартал од минатата годинa, кое особено е изразено во последниот месец, посебно кон корпоративниот сектор.

Досегашните остварувања во реалната економија и најновите расположливи податоци на НБРМ упатуваат на натамошен солиден економски раст, на годишно ниво, и на остварување на проектираниот раст на БДП од 3,3 % за целата 2013 година.

За 2014 и 2015 година, според октомвриската проекција, се предвидува натамошен раст на економијата, но со забрзано темпо, со очекувана стапка на раст на БДП од 3,7 % и 4,4 %, соодветно.

Во текот на последниот квартал од минатата година монетарните услови се оценуваат како непроменети, така што максималната каматна стапка на аукциите на благајнички записи се уште е на нивото од 3,25 %.