Состанок на Амбасадорскиот совет во МНР
На состанокот, како што е најавено, покрај теми од тековното работење на МНР и Дипломатско-конзуларните претставништва, ќе се говори и за теми од национално, регионално и глобално значење, на кои ќе се обратат гости од земјата и странство...

Во Министерството за надворешни работи од денеска до 26 август ќе се одржи работен состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.
Состанокот ќе го отвори заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски.
На состанокот, како што е најавено, покрај теми од тековното работење на МНР и Дипломатско-конзуларните претставништва, ќе се говори и за теми од национално, регионално и глобално значење, на кои ќе се обратат гости од земјата и странство.
Се очекува утре, гостин на Амбасадорскиот совет да биде шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, кој ќе говори на тема европската перспектива на Македонија.
Предвидена е и билатерална средба на министерите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Никос Коѕиас.
