Ад хок комисијата за медиуми го избира петтиот член

24.08.2016 10:17

Изборот е со консензус меѓу 4-цата членови што ги предложија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ДУИ и ДПА не номинираа членови во ад хок телото.

Денеска треба да биде избран петтиот член на ад хок телото за регулација на медиумите, што според политичкиот договор од 20-ти јули треба да биде етнички Албанец.

Изборот е со консензус меѓу 4-цата членови што ги предложија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ДУИ и ДПА не номинираа членови во ад хок телото.

Политичкиот договор предвидува дека Советот на Агенцијата за медиуми ќе ги почитува препораките на ова телото во врска со балансираноста на известувањето во електронските медиуми во рок од 100 дена до изборите.

Мандатот на членовите истекува со крајот на изборите. Во тек се подготовките на методологијата за следење на медиумите во предизборната трка која треба да биде усвоена на 26-ти месецов.