Коѕиас утре на средби во Македонија

24.08.2016 10:27

Според најавите, Попоски и Коѕиас ќе разговараат за европската перспектива на Македонија, како и за другите прашања од односите меѓу двете земји. Предвидено е шефот на грчката дипломатија да се обрати пред македонските дипломати.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас утре ќе престојува во Македонија. Ќе оствари билатерална средба со својот македонски колега Никола Попоски, а се очекува да биде примен и од претседателот Иванов.

Според најавите, Попоски и Коѕиас ќе разговараат за европската перспектива на Македонија, како и за другите прашања од односите меѓу двете земји. Предвидено е шефот на грчката дипломатија да се обрати пред македонските дипломати.

Коѕиас досега има остварено неколку средби со шефот на македонската дипломатија Попоски, а претходната посета на Македонија беше лани во јуни.

Попоски, пак, беше во посета на Атина во декември, а двајцата министри во меѓувреме имаа и средби на маргините на неколку меѓународни самити.