Воена операција против ИД во Џараблус
Во соопштението од кабинетот на турскиот премиер се нагласува дека граничен реон во Турција е прогласен за „специјална зона за безбедност“ и е упатен повик до новинарите да не одат таму.

Турската армија и меѓународната коалицији предводени од САД, почнаа операција против Исламска Држава во сирискиот пограничен град Џараблус, за отворање коридор.
Операцијата е преземена неколку часа пред посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден на Анкара.
Во соопштението од кабинетот на турскиот премиер се нагласува дека граничен реон во Турција е прогласен за „специјална зона за безбедност“ и е упатен повик до новинарите да не одат таму.
Турската полиција пак во Истанбул почнала операција против членови на Исламска држава. Наредби за апсење се издадени за голем број осомничени.
