Припадници на ИД од Сирија гранатираат турска територија
24.08.2016 11:11
Нападот очигледно е одговор на турските воздушни напади во близина на сирискиот град Џараблус.

Од Сирија припадници на Исламска држава гранатираат турска територија. Гранатите паѓаат во близина на градот Каркамаш. Нападот очигледно е одговор на турските воздушни напади во близина на сирискиот град Џараблус.
Според турски информации во нападите биле погодени 12 цели на ИДИЛ. Жителите на Каркамаш вчера беа евакуирани поради безбедносни причини, откако беа истрелани две минофрлачки гранати од територијата на Сирија.
