Бајден пристигна во Турција
24.08.2016 11:14
Бајден е највисок западен дипломат кој ја посетува Турција по неуспешниот обид за пуч од 15 јули.

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден допатува во Анкара на разговори со турското раководство, во момент кога државата почна со операција против припадници на Исламска држава од град на границата со Сирија.
Бајден е највисок западен дипломат кој ја посетува Турција по неуспешниот обид за пуч од 15 јули.
Како што пренесуваат медиумите, тој ќе се обиде да ги поправи односите на САД со Турција откако Анкара го обвини имамот Фетулах Ѓулен кој живее во Пенсилванија дека е одговорен за пучот.
Во меѓувреме Турција и официјално побара негова екстрадиција.
