Раст на бројот на превезени патници за 22,5% на македонските аеродроми

24.08.2016 11:18

Од месец јануари заклучно со месец јули 2016 година, од двата аеродрома во Република Македонија, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015 година бројката на превезени патници е зголемена за 22,5 %, односно превезени се 1.008.435 патници.

Трендот на раст на бројот на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија продолжува, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

Од месец јануари заклучно со месец јули 2016 година, од двата аеродрома во Република Македонија, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015 година бројката на превезени патници е зголемена за 22,5 %, односно превезени се 1.008.435 патници.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во периодот од јануари до јули 2016 година регистрирани се вкупно  933.130 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезесни 775.177 патници, се забележува зголемување од 20,4 %.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од јануари  заклучно со јули 2016 година, превезени се 75.305 патници  или  зголемување од 55,9 %.

Согласно, реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за овој период се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.

Рекордниот број на превезени патници во овој период како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија, велат од Министерството за транспорт.