Ристовски: Заврши комплетната замена на лифтовите во студентските домови

24.08.2016 13:19

Ристовски изјави дека веќе е направен технички прием на лифтовите со што тие се ставени во употреба.

Заменик- министерот за образование, Спиро Ристовски информираше дека во студенстките домови во Скопје се инсталираа нови лифтови, за што Министерството за образование инвестираше 15 милиони денари.

Ристовски изјави дека веќе е направен технички прием на лифтовите со што тие се ставени во употреба.  Ова е исклучително значајно затоа што на овој начин ќе се подобри целокупната фреквенција и функционалност во студентските домови, а тоа пред се е во интерес на студентите, истакна Ристовски.

За студентите, освен бруцошите заврши пријавувањето за сместување во студнтските  домови. За 5.600 слободни места, поднесени се 2.700 апликации. Во тек е електронско аплицирање за легла за бруцошите, документите ќе се доствуваат на крајот на месецот.