МНР: Нема повредени или загинати македонски државјани во земјотресот во Италија
24.08.2016 14:42
Засега нема повредени или загинати македонски државјани во земјотресот кој го зафати централниот дел на Италијанската Република...

Министерството за надворешни работи соопштува дека македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија и до овој момент, нема информации за повредени или загинати македонски државјани во земјотресот кој го зафати централниот дел на Италијанската Република.
Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во силниот земјотерс.
