Годишните сметки наместо на шалтер – електронски

30.01.2014 16:07

Во архива заминува оваа слика на долгите редици својствени за февруари...

 Во архива заминува оваа слика на долгите редици својствени за февруари. Електронски ќе се поднесуваат годишните сметки. За  големите и за средните компании задолжителено -  со рок до 15-ти март, за малите и микро фирми  се уште алтернатива -  хартиената форма, но до 28 февруари. Уште едно олеснување на деловното работење . Електронската комуникација ги замени шалтерите и хартијата , отстрани  многу  административни бариери , ја подобри бизнис-климата  и рангирањето на државава  во многу значајни извештаи и статистики, оцени премиерот Груевски.

„Тоа не останува незабележано од странските инвеститори и дополнително го подгрева интересот за земјата како атрактивна бизнис-дестинација. Секој ваков чекор е камче повеќе во мозаикот на сликата за Македонија како одлична дестинација за правење бизнис“ - вели премиерот Груевски.  

Поедностано и поефикасни ќе биде поднесувањето на годишните сметки  само со еден дигитален сертификат и овластен сметководител. За повеќе поднесени сметки ќе има групно плаќање на  надоместокот. Се олеснува целата процедура .

„Се надминува тешкотијата од двојно изготвување на истата годишна сметка со можноста за прикачување на потпишување на датотеки изготвени од софтверите за сметководствено работење“ - вели Ванчо Костадиновски, директор на Централен регистар на РМ.

100- тина илјади правни субјекти  треба да  ги достават  годишните сметки  1000 од нив - големи и средни фирми  преку електронскиот систем. 

„Ќе ги исполниме условите за електронско поднесување и се надевам дека ќе има повеќе многу од лани , да не речам 70 насто би поднесле електронски“ - вели Драги Митковски , Сметководствена комора на ССК

Системот ќе почне да се применува со доставување на годишните сметки за минатата година.

Сузана Фиданска Стоевска