Анкети: Клинтон со поддршка од 45% од гласачите

24.08.2016 16:19

Клинтон водеше во најголемиот дел од кампањата. Трамп ги смени членовите на изборниот штаб по втор пат за да ја стигне ривалката од демократите...

Според анкетите на Ројтерс и на ИПСОС, демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон има поддршка од 45% од гласачите. Нејзиниот опонент, републиканецот Доналд Трамп добил само 33%.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 22 август. Клинтон водеше во најголемиот дел од кампањата. Трамп ги смени членовите на изборниот штаб по втор пат за да ја стигне ривалката од демократите.