Американската економија порасна за 3,2%

30.01.2014 16:12

Во последниот квартал од 2013 година американската економија порасна за здрави 3,2%...

Во последниот квартал од 2013 година американската економија порасна за здрави 3,2%, покажуваат податоците на Амриканското статистичко биро, што претставува потврда дека економијата во САД оваа година ќе продолжи да заздравува.

Растот на националниот БДП исто така охрабрува и покарај најавите на некои аналитичари дека не може да се одржи неговиот раст поради падот во третиот квартал, пишува „Вашингтон Пост“.

Потрошувачката на американските граѓани во последните месеци од минатата година порасна за 3,3% и покрај разочарувачките податоци од празничната продажба на трговците.

Извозот на американските компании во истиот период исто така порасна за 11,4%, што е дупло повеќе во споредба со третиот квартал од 2013-та.