Стартува изградбата на рударскиот комплекс во Казандол

25.08.2016 08:51

На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација. Капацитетот на рудникот е 4.000 тони катоден бакар...

Компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, денеска почнува со изградба на својот рударски комплекс во Казандол,  Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е англиска и е проценета на 35 милиони евра, а во првите седум години се очекуваат приходи од  близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно.

На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација.  Капацитетот на рудникот е 4.000 тони катоден бакар. Ќе биде вградена современа технологија од  фински „Аутотек“ која нема да има негативно влијание на животната средина.

Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат ангажирани директно 100 лица, а индиректно во целиот комплeкс ќе бидат ангажирани 250 лица.

Рударскиот комплекс се очекува да има позитивно влијание во регионот, но и приходи за државата. Компанијата ќе работи според македонски закони и според нив ќе плаќа давачки. Проценетиот прилив на средства во Македонија од производниот капацитет е 20 милиони евра.