Бајден ја потврди поддршката за Турција
Бајден е првиот висок официјален претставник на Белата куќа кој се среќава со Ердоган по инцидентот. Претходно, Ердоган имаше средба со рускиот претседател Путин.

На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, потпретседателот на САД Џо Бајден ја потврди поддршката за Турција. Целта на посетата на американската делегација е барањето за екстрадиција на имамот Ѓулен кого Анкара го обвинува за вмешаност во обидот за пуч. Бајден е првиот висок официјален претставник на Белата куќа кој се среќава со Ердоган по инцидентот. Претходно, Ердоган имаше средба со рускиот претседател Путин.
„Ние сме ваши сојузници. Американскиот народ ви се восхитува како се справувате со ситуацијата. Нашите експерти се овде и го проценуваат материјалот поврзан со барањето за екстрадиција на Ѓулен. Претседателот Обама нема моќ да испорача никого, тоа го прави само федералниот суд“, изјави Бајден.
Ердоган повтори дека Ѓулен мора да се врати во Турција зашто управува со терористички организации кои дејствуваат во регионот. САД се приклучија во најновата офанзива на Турција против Исламската држава во соседна Сирија како одговор на бомбашкиот напад на свадба во кој загинаа 54 лица во турски град. Претходно, германската армија најави повлекување на своите сили оттаму зашто Анкара не дозволува германски пратеници да ја посетат базата. Нова локаиција може да побараат во Јордан или на Кипар.
