Гужва на патарините и граничните премини
Поголем број возила е присутен и за излез од Македонија на граничните премини „Табановце“ и особено „Богородица“.

На автопатот А1/Е75 Табановце-Богородица зголемен е интензитетот на сообраќај во правецот на север. На наплатните станици за патарина Стоби, Отовица и Романовце присутен е поголем број возила, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Поголем број возила е присутен и за излез од Македонија на граничните премини „Табановце“ и особено „Богородица“.
На граничните премини, укажува АМСМ, можни се задржувања од 20-тина минути за влез и за излез од државата.
Според АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
