Билатерална соработка

Коѕиас се сретна со Димитриев и Попоски

25.08.2016 13:02

Коѕиас ќе се обрати на работниот состанок на Амбасадорскиот совет за иднината на Европската унија и Балканот во неа. Денеска е предвидена и средба на Коѕиас со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас пристигна во еднодневна работна посета на Република Македонија. Тој веќе имаше средба со претседателот на владата Емил Димитриев, а потоа беше пречекан од неговиот домаќин, вицепремиерот и министер за надворешни, Никола Попоски. Во тек е прес- конференција на двајцата министри за медиумите.

Коѕиас ќе се обрати на работниот состанок на Амбасадорскиот совет за иднината на Европската унија и Балканот во неа. Денеска е предвидена и средба на Коѕиас со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Според шефот на дипломатијата Попоски, нема да се разговара за разликите околу името, туку за градење на мерките на доверба меѓу двете држави.