„М-Нав“ и „Еуроконтрол“ потпишаа Договор за наплата на терминални услуги

25.08.2016 13:34

Со овој договор се ослободуваат клиентите од носење пари во готово, а сите средстав ќе се префрлаат преку сметка.

Европската организација за безбедност и воздушна пловидба „Еуроконтрол“ и на Македонската агенција за воздухопловна навигација „М-Нав“ во Охрид потпишаа договор за меѓусебна соработка во делот на наплатата на терминалните надоместоци.

Со овој договор се ослободуваат клиентите од носење пари во готово, а сите средстав ќе се префрлаат преку сметка. „Еуроконтрол“ преку канцеларијата за наплата на прелети ќе врши наплата на надоместоците за терминалните услуги во корист на давателот на услугите, во случајот Македонската навигација.