Почна изградбата на рудникот за бакар Казандол

25.08.2016 15:37

Инвестицијата е проценета на 35 милиони евра, а во првите седум години се очекуваат приходи близу до 135 милиони или околу 20 милиони евра годишно.

Англиска компанија почна со изградбата на рударскиот комплекс во Казандол, Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник.

Инвестицијата е проценета на 35 милиони евра, а во првите седум години се очекуваат приходи близу до 135 милиони или околу 20 милиони евра годишно.

На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количества. Досега се потврдени за 20 години експлоатација.

Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат ангажирани директно 100 лица, а индиректно во целиот комплeкс ќе бидат вработени 250.

Покрај концесијата за Казандол, компанијата има концесија и уште за два ископа.