Потпишан договор меѓу „М-НАВ” и „Eуроконтрол“
Парите кои досега авиокомпаниите за извршените прелети ги трансферираа на сметката на М-НАВ отсега директно ќе ги наплатува Евроконтрол, а поа ќе ги префли во касата на оваа институција. Според надлежните целта е поефикасна наплата...

Наплатата на терминалните надоместоци отсега ќе ја врши Еуроконтрол – потпишан договор за деловна комуникација со Македонската навигација. Парите кои досега авиокомпаниите за извршените прелети ги трансферираа на сметката на М-НАВ отсега директно ќе ги наплатува Евроконтрол, а поа ќе ги префли во касата на оваа институција. Според надлежните целта е поефикасна наплата.
„Автоматски се ослободуваат клиентите од носење пари во готово, сите средства ќе се трансферираат преку сметка, што значи олеснето, транспарентно, побезбедно деловно работење и секако поефикасна наплата“, вели Живко Поповски, претседател на УО на М-НАВ.
Согласно догворите меѓу М-НАВ и Еуроконтрол и досега биле наплатувани 90 насто од парите за прелетите над македонското небо.
„Еуроконтрол преку Канцеларијата за наплата на прелети ќе врши наплата на надоместоците за терминалните услуги во корист на давателот на услугите, во случајот македонската навигација. Сите средства собрани од наплатата на надоместоците потоа се префрлаат на давателот на услугите за користење на воздушниот простор“, изјави Франк Бренер, генерален директор на Еуроконтрол.
Европската организација за навигациски услуги брои 41 членка меѓу кои и нашата земја. Потписниците на договорот се согласни дека вакви проекти треба да постојат и во иднина со цел унапредување на авио индустријата во Република Македонија.
Анита Димитријевска
