Преку разговор до толеранција
Разговор наместо тупаници - порака од средношколците од „Здравко Цветковски“.

Разговор наместо тупаници - порака од средношколците од „Здравко Цветковски“. Тие во изминативе месеци учеа како да се соочат со меѓуетничките различности. На добар пат се да ги надминат предрасудите.
Порано во ова средно училиште имаше инциденти врз меѓуетничка основа. Професорите велат дека сликата се менува.
„Не треба да имаме предрасуди за другите, пред да ги запознаеме“, „Не мислам дека ќе има повеќе тепачки или нешто слично зошто многу време поминуваме заедно и не мислиме на такви работи“, „сфаќаме дека преку тепачките и преку конфликтите нема ништо да постигнеме“- се дел од изјавите на средношколците - кои учат во ова училиште.
„Откако почна да се реализира вој проект, нема инциденти, големи инциденти, затоа што учениците измеѓу себе соработуваат, ги учат нивните традиции“ - изјави професор.
„Тоа е вистинскиот начин и работејќи со учениците меѓутоа и преку обука со наставниците за реализирање на разни активности со самите ученици, разглобување на теми како што се, да речеме, справување со стереотипи и предрасуди со разрешување на конфликти“ изјави друг на професор.
Средношколците беа дел од креативните работилници и имаа можност преку вежби да дознаат повеќе едни за други и да ги изразат своите вештини.
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието се спроведува две години. Со него беа опфатени околу 200 ученици од повеќе училишта низ земјава .
Викторија Тодоровска
