Продолжуваат консултациите за избор на нов член во ад хок телото за медиуми
Со соопштенија и реакции се огласија СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Агенцијата за медиуми...

Четворицата членови на ад хок телото за следење на медиумите за време на изборите и денеска не постигнаа консензус за избор на 5-от член. Се состанаа попладнето и по еден час дискусија решиле консултациите да продолжат утре.
Со соопштенија и реакции се огласија СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Агенцијата за медиуми. Социјалдемократите велат дека преостанатиот член мора да биде експерт, го обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека прави опструкции, а Агенцијата за медиуми дека ја покажала партизираноста.
Од владејачката партија одговорија – СДСМ не успеа и нема да успее во намерата да воведе цензура во медиумите во 21– век.
Ад хок телото не смее да подлегне на притисоците на Заев и на СДСМ кои се обидуваат да предизвикаат поголема штета, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Агенцијата за медиуми реагира на соопштението на СДСМ и бара да се престане со волунтаристички оценки за стручноста на регулаторното тело.
