Зголемена фреквенција на возила од Богородица до Табановце

26.08.2016 08:23

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на патарините Стоби, Отовица и Романовце присутен е поголем број возила. Зголемена фреквенција на возила е забележан и за излез од Македонија на граничните премини Табановце и Богородица...

На автопатот од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица утринава е зголемен интензитетот на сообраќајот во правец на север.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на патарините Стоби, Отовица и Романовце присутен е поголем број возила. Зголемена фреквенција на возила е забележан и за излез од Македонија на граничните премини Табановце и Богородица.

Од македонска страна за влез и излез од државата можни се задржувања до 20 минути.