Одбележување на 106 години од раѓањето на Мајка Тереза

26.08.2016 08:07

По повод 106. роденден на Блажената Мајка Тереза, граѓанската организација „Скопјанката Мајка Тереза“ од Скопје, денеска ќе положи цвеќе на спомен плочата...

Граѓанската организација „Скопјанката Мајка Тереза“ од Скопје, по повод 106. роденден на Блажената Мајка Тереза, денеска ќе положи цвеќе на спомен плочата на местото на нејзиното раѓање на плоштадот Македонија, на споменикот на Мајка Тереза и во Спомен собата со светилиштето во Феудалната кула.

По тој повод, познатиот хуманист и сликар Живко Поповски Цветин ќе наслика и подари на наши сограѓани 106 цртежи со цвеќе на мирот и љубовта како симбол на вечност и свет незаборав во спомен на најпозната светска хуманистка и нобеловка Мајка Тереза.

Поетско читање и рецитали ќе изведе Сава Таковска.