Претседателот Иванов во работна посета на Турција

26.08.2016 10:23

Македонскиот претседател, како што соопшти неговиот Кабинет, во Истанбул ќе оствари средба со турскиот претседател Ердоган...

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Република Турција.

Како што соопштија од неговиот кабинет, шефот на државата, во Истанбул ќе оствари средба со турскиот претседател Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфорот „Јавуз Султан Селим“.

Ова е трет мост на Босфорот што ги спојува Европа и Азија. Се градеше три години, а чини 4,5 милијарди евра.