Хуманитарна помош од Русија за поплавените подрачја

26.08.2016 10:29

Хуманитарната помош ќе биде доставена со специјален авион „ИЛ-76“ на руското Министерство за цивилна одбрана...

Попладне на аеродромот „Александар Велики“ треба да пристигне хуманитарна помош од Руската Федерација, наменета за поплавените подрачја.

Се состои од мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 киловати, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви со риба и месо.

Хуманитарната помош ќе биде доставена со специјален авион „ИЛ-76“ на руското Министерство за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди.