Италија: Вонредна состојба во најпогодените региони од двата земјотреса

26.08.2016 10:32

Спасувачките тимови деноноќно трагаат по преживеани. Во операциите во градот Аматриче се вклучија и доброволци од бегалскиот бран. Во Рим исчезнаа 11 луѓе.

Италија прогласи вонредна состојба во најпогодените региони од двата земјотреса во кои загинаа стотици луѓе. Спасувачките тимови деноноќно трагаат по преживеани. Во операциите во градот Аматриче се вклучија и доброволци од бегалскиот бран. Во Рим исчезнаа 11 луѓе.

„Дојдов да помогнам. Се пријавив како волонтер откако гледав вести. Жал ми е за ова.“

„Сакам да им помогнам на луѓето во местата што ги погоди земјотресот“, велат волонтерите.

Премиерот Ренци вети финансиска помош за обнова на урнатите подрачја, како и укинување на даноците на оваа категорија граѓани. По обвинувањата за непочитување на градежните прописи во местата кои го претрпеа најголемиот удар од природата, Ренци изјави дека историските градови не мора да подлежат на тие регулативи.