Експлозија на полициски пункт во југоисточна Турција

26.08.2016 10:37

Џизре е дел од провинцијата Ширнак на границата со Сирија и со Ирак. Мнозинството од населението го сочинуваат Курдите.

Деветмина загинаа, а над 60 луѓе се ранети во експлозијата на полицискиот пункт во Џизре, југоисточна Турција. Меѓу загинатите се тројца полицајци.

Џизре е дел од провинцијата Ширнак на границата со Сирија и со Ирак. Мнозинството од населението го сочинуваат Курдите.

Во последниве неколку месеци беше воведуван полициски час во неколку наврати поради борбата на турската војска и милитантите на Работничката партија на Курдистан.