Лавров и Кери на среба во Женева, Сирија и Украина главни теми

26.08.2016 10:41

Вашингтон и Москва ја засилија комуникацијата по воспоставувањето воена соработка во борбата против Исламска држава во Сирија.

Сирија и Украина се главните теми на средбата во Женева меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери. Вашингтон и Москва ја засилија комуникацијата по воспоставувањето воена соработка во борбата против Исламска држава во Сирија.

Во меѓувреме, режимот и бунтовниците постигнаа договор. По четиригодишната опсада, од предградието на Дамаск ќе бидат евакуирани 4000 цивили и 700 бунтовници кои ќе мора да си го земат оружјето со себе. Цивилите одат во приватни центри кои се во надлежност на режимот. Од Дараја, бунтовниците одат во градот Идлиб. Дараја беше нивно упориште и е еден од првите градови кои во 2012 му се спротивстави на режимот.

За разлика од другите места, владата таму не дозволуваше достава на хуманитарна помош. Оттогаш се водеше непрекината битка за негово заземање зашто е стратегиски значајна позиција поради малото растојание до воздухопловната база, разузнавачката служба и до затворот.