„Форин полиси“: Турција не им предала на САД докази за вмешаноста на Ѓулен во обидот за пуч
26.08.2016 11:01
Претставник на турската амбасада изјавил дека е невозможно да се испрати таков материјал веднаш по инцидентот.

Според списанието „Форин полиси“, Турција се уште не им предала на Соединетите Американски Држави докази за вмешаноста на имамот Ѓулен во обидот за пуч.
Претставник на турската амбасада изјавил дека е невозможно да се испрати таков материјал веднаш по инцидентот. Според него, Анкара барала Ѓулен да биден испорачан пред 15 јули зашто бил осомничен за создавање „паралелни структури“ и незаконски активности против државата.
Претседателот Ердоган спроведува чистка против секој што е поврзан со Ѓулен и со пучистите. Во последната серија апсења и суспендирања се отстранети четворица градоначалници.
