Експлозија во спортски центар во Белгија

26.08.2016 11:14

Еден човек загина, а четворица се повредени, од кои двајца се во критична состојба.

Експлозија се случи и во спортски центар во Белгија во близина на границата со Франција. Еден човек загина, а четворица се повредени, од кои двајца се во критична состојба.

Според полицијата, не се работи за терористички напад, туку за експлозија предизвикана од гас.