По петти пат - Џез викенд во Прилеп
Викендот во Прилеп е посветен на џез музиката. По петти пат се одржува „Џез викендот“. Фестивалот станува традиционален, ги носи врвните џез имиња и оркестри од регионот и ја негува музичката џез култура кај нас...

10 оркестри со 40- ина врвни музичари од земјава и регионот викендов ќе ги разгалат душите на сите блиски до звуците на џезот- Прилеп по петти пат го одржува „Џез викендот“. Џез фестивалот ги подигнува стандардите и ги донесе врвните џез имиња од Грција, Хрватска, Србија, Македонија.
„Успеавме петти пат по ред да направиме одлична програма. Покрај Биг Бендот на МРТ успеавме да донесеме регионални групи кои заначат во џез музиката“, вели Владан Дробицки, селектор на фестивалот.
Манифестацијата ја отвори „Биг бендот“ на МРТВ кој со децении ја негува џез-музиката
„Во Македонија почнува да се развива џез културата во помалите градови“, вели Љупчо Мирковски, диригент на „Биг бендот“ на МРТВ.
Џезот ја создава својата публика.
„За прв пат да слушнам нешто ново... Во последно време во Прилеп и се повеќе и повеќе љубители, и што е најбитно познавачи на џезот“, велат прилепчани.
Фестивалот ја подигнува џез културата кај нас.
„Самото постоење на овој фестивал изврши силно влијание врз џез публиката“, вели Снежана Ристеска, локална самоуправа на Прилеп.
Џез викендот во Прилеп завршува утревечер со гостите од Хрватска и Влатко Стефановски и неговото трио.
Елизабета Митреска
