Бесплатни геодетски елаборати за лицата од поплавените региони

26.08.2016 12:59

Државниот Катастар ги повикува граѓаните да се пријават во инфо- центарот со бројот на поднесеното барање, или директно на шалтерите ако го немаат документот...

Бесплатни геодетски елаборати за лицата од поплавените подрачја кои поднеле барање за легализација на куќите. Државниот Катастар ги повикува граѓаните да се пријават во инфо- центарот со бројот на поднесеното барање, или директно на шалтерите ако го немаат документот.

Со цел пријавувањето да биде спроведено на поефикасен начин, апелираме до граѓаните пред да се јават задолжително да го обезбедат бројот на поднесеното барање за легализација кое го добиле од општината при поднесувањето на барањето за легализација, бројот на катастарската парцела на која се наоѓа дивоградбата и крај себе да имаат лична карта со цел соопштување на потребните податоци, изјави директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески.

Информира дека согласно Акциониот план сите што ќе се пријават започнувајќи од 1 септември 2016 ќе бидат посетени од екипи на Агенцијата за катастар на недвижности со цел изготвување бесплатен геодетски елаборат.

Инфо-телефоните во Агенцијата се 0800 80 800; 317 17 33 и 317 38 25.

Оваа мерка е една од пакет мерките на Владата на Република Македонија за помош на граѓаните од поплавените подрачја