Злоупотреба на 960 хектари државно земјоделско земјиште

26.08.2016 13:10

Бесправно биле користени над 960 хектари. Следуваат прекршочни пријави.

Државниот инспекторат за земјоделство открил повеќегодишна злоупотреба на државно земјиште од неколку правни субјекти во Штипско- карбинскиот регион. Бесправно биле користени над 960 хектари. Следуваат прекршочни пријави.

Известено е и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое по завршување на постапката земјиштето ќе го додели за обработка.